ConVoJ
|
|
ConVoj GmbH е основан на 23.Мај 2002.
Области од интерес: Водење на проекти и концептуални решенија за амбициозни проекти од областа на телекомуникациите и информациската технологија, како и изработка на стратегии и водење на деликатни преговори. Релевантни искуства и проекти (Резиме): Како менаџер на продажба во BBC (подоцна ABB), започнувајќи од 1978 год., J.-J. Vouga беше во можност да изведе значајни проекти од сферата на техниката на управување и раководење, и со тоа да изгради вредни и значајни односи со швајцарското електростопанство. Во 1983 година, премина во електропретпријатието Laufenburg (EGL), каде што како менаџер за информатика и обработка на мерни податоци, беше одговорен за различни проекти, особено за состојби на броила, прибирање и пренос на податоци, како и за информативен систем за енергетски менаџмент. Како одговорен во телеком службата во EGL, од самиот почеток на либерализацијата (1996), тој активно зеде учество на проектот „Telekom UeW“, и со здобивањето на лиценцата GSM, имаше значаен удел во изградбата и успехот на diAx (првиот конкурент на SWISS Telecom). Во раководството на diAx како заменик COO Mobile, Jean-Jacques Vouga беше одговорен за изградба и надградба на GSM мрежата. На оваа функција тој ги водеше интерконекциските преговори со поранешниот монопол и беше одговорен за контакти со властите. Конечно, како менаџер за Business Development, тој беше одговорен за стратегијата за стекнување на лиценцата за UMTS сервиси. По фузијата на diAx со Данскиот Sunrise, продолжи да го води UMTS проектот. Со ConVoj Jean-Jacques Vouga извршува различни проекти од областа на електростопанството и телекомуникациите, а особено проценка и планирање на изградбата на национална PWLAN-мрежа.
Благодарение на солидната мрежа на познанства, таа експертиза по потреба може да се прошири, што го покажува следниот пример::
Публикации | |||||||||
Copyright © 2010 ConVoJ GmbH |